Џеф Безос има одличен совет за успех – и за возрасни и за деца

Untitled Design 10 7viauri.jpg

Одличен совет за сите родители, но и за возрасните подготвени за промени, доаѓа од една од најуспешните луѓе денес.

Станува збор за навика што Џеф Безос ја нарекува „суперважна“ и која секогаш ја советува. Всушност, тој експлицитно ги охрабри родителите да им ја „проповедаат“ на своите деца. И како татко на четири деца, тој вели дека тоа е совет што се обидел да им го даде на сопствените деца.

Овој совет речиси во целост се совпаѓа со истражувањето на Керол Двек, професорка по психологија на Универзитетот Стенфорд.

Двек спроведе многу студии кои укажуваат на предноста на развојниот ментален склоп во однос на фиксниот ментален склоп. Кај развојниот, станува збор за напорот што го вложуваме за да постигнеме нешто, промена на нашето размислување во предизвикувачки ситуации, а фиксниот начин на размислување се однесува на талентите и карактерот што ги имаме. Ако веруваме дека нашиот успех е резултат на нашиот карактер и талент, тој припаѓа на фиксен начин на размислување.

Безос го даваше овој совет многу пати. На пример, ова го рече на доделување на награди во Сиетл пред извесно време.

„Бидете горди на вашите избори, а не на вашите таленти … Ова е нешто што е исклучително важно за младите да го разберат и за родителите да им го проповедаат на младите. Навистина е лесно за една талентирана млада личност да се гордее со својот талент: Јас сум многу паметен.Јас сум добар спортист или имам математика во малиот прст,“ рече тој.

„Тоа е добро. Треба да бидете среќни што сте талентирани. Но, не можете да бидете горди на своите таленти … Ги имате или ги немате. Она на што можете да бидете горди се вашите избори.“

„Како одлучивте да ги искористите своите таленти? Дали учевте напорно? Дали се трудевт? Вежбавте? Луѓето кои се истакнуваат комбинираат талент и напорна работа, а работата е избор. И секој мора да го направи тој избор за себе. И, тоа е нешто со што ќе бидете горди кога ќе погледнете назад во својот живот,“ рече Безосј во својот говор.

Related posts

Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

CityLife

Домашните миленици имаат позитивен ефект врз здравјето на сопственикот

CityLife

Kолку навистина дебелеат пивото, виното и жестоките пијалоци?

CityLife