Шер изненади фан со Алцхајмерова болест

60803aee9e649.image .jpg

Шер изненади една 60-годишна жена која е во рана фаза на Алцхајмерова болест со повик преку „Фејс тајм“.

Музичкта легенда споделила посебен момент со мајката на Ерика Штајнер, Робин, која има мозочна состојба предизвикана од деменција, и разговарала со неа речиси осум минути.

Покрај клипот на Тик-ток, Ерика напиша на Твитер: Мајка ми има Алцхајмерова болест и е најголемиот обожавател на Шер.

“Па денес Шер ја изненади со повик. Какво изненадување!“

Видеото го покажува моментот кога нејзината мајка сфаќа дека Шер е на линија.

Видно потресена од ова изненадување, мајката вели: “Те сакам … Не можам да го правам ова. Премногу е”.

Ерика, која е во врска со аналитичарот на FOX Sports WWE, Рајан Сатен, подоцна откри дека 74-годишната поп икона имала долг разговор со Робин и веќе размислува за начини како да ѝ приреди ново изненадување.

Related posts

Американската ТВ-публика за „Оскарите“ на рекордно ниско ниво

CityLife

Џенифер Анистон не посвојува дете, тврди претставник

CityLife

Еве какви податоци собира ТикТок за своите корисници

CityLife