Селин Дион не размислува за повторно вљубување

20210518 celinedion ig.jpg

Селин Дион откри дека не размислува за повторно вљубување по смртта на нејзиниот сопруг Рене Анжелил, во 2016 година.

Канадската пејачка позната по неколку хитови, меѓу кои и My Heart Will Go On, трагично го загуби сопругот пред пет години. Тој почина по битката со рак на грло во јануари 2016 година.

И за разлика од насловот на нејзината најпопуларна песна од филмот „Титаник“, Селин открива дека сè уште не е подготвена да продолжи понатаму, бидејќи вниманието го насочува на своите деца Рене-Чарлс (20) и 10-годишните близнаци Нелсон и Еди, и на самиот живот.

“Не знам. Немам идеја. Но, во овие моменти мојата љубов се моте деца и мојот живот со нив. Не размислувам за врска и за вљубување повторно. Дали треба да кажам дека никогаш повеќе нема да се случи? Не знам,“ рече таа како гостин во емисијата „Тудеј“.

Related posts

Мадс Микелсен сакал да разговара со Џони Деп за „Фантастични ѕверки“

CityLife

Македонките се мажат најмлади во регионот

CityLife

Лил Вејн даде 15.4 милиони долари за импресивна палата во Хидн Хилс

CityLife