Второто дете на принцот Хари и Меган ќе биде обединувач на кралското семејство, тврди експерт

5db08943a8335c26b9dfe1c8 800x553.jpg

Најмал медијатор!

Кралскиот експерт Ник Булен смета дека доаѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл ќе помогне да се обедини кралското семејство по нивната неодамнешна драма.

„Раѓањето  бебе е секогаш одличен обединувач за едно семејство и сигурен сум дека сите страни на семејството Сасекс ќе сакаат да слават со Хари и Меган “, изјави главниот уредник и основач на True Royalty TV во екслузивно интервју за „Ју-ес викли“.

„Можете да бидете апсолутно сигурни дека Хари и Меган веднаш ќе скокнат на зум-повик за нејзиното височество кралицата да го запознае своето 11. правнуче.“

Војводата и војвотката од Сасекс (36 и 39) веќе се родители на синот Арчи (2). Парот во февруари објави дека го чека своето второ дете. Еден месец подоцна, тие го споделија полот на бебето во интервју за „Си-би-ес“, откривајќи дека нивната ќерка треба да се роди ова лето.

Related posts

На Семот за мебел во Скопје продефилираа повеќе од 15.000 посетители  

CityLife

Мариа Дибиаџо од Ранковце номинирана за наградата Европска жена на годината 

CityLife

Нутриционист го откри најдоброто овошје и зеленчук за слабеење

CityLife