Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде изложена во палатата Кенсингтон

Создавањето на кралски моден момент – од многу очекуваната венчаница, до облеката за крунисување – е темата што ќе се истражува на претстојната изложба во палатата Кенсингтон, која треба да се отвори за јавноста на 3 јуни.

На изложбата, насловена „Кралски стил во изработката“, познатата венчаница на принцезата од Велс –  раскошна креација на Дејвид и Елизабет Емануел –  ќе биде во центарот на вниманието.

Уникатната и интимна врска помеѓу кралското семејство и нивните кутуриери ќе биде детално изложена, со оригинални скици, парчиња ткаенини и невидени фотографии од колекцијата на церемонијални фустани, прикажани заедно со самите фустани, со цел да се демонстрира како идеите стануваат историска реалност.

Уште едно возбудливо парче кое се појавува на сцената на изложбата датира од 1937 година, кога беше крунисан кралот Џорџ Шести, таткото на сегашната кралица.

Кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета или кралицата Мајка по крунисувањето, 1937 година

Венчаницата на Дијана е една од најпознатите во историјата на модата. Дизајнирана од поранешната брачна двојка Дејвид и Елизабет Емануел, оваа креација е олицетворение на модата од 1980-тите.

Свадбата од бајките на која Лејди Дијана Спенсер и принцот Чарлс се заколнаа на вечна љубов се одржа во јули 1981 година.

Вистинска принцеза на народот, која многумина ја нарекуваа кралица на срцата, беше најомилениот член на кралското семејство.

Таа го освои светот со својата хуманост, харизма, ранливост, скромност и беспрекорна елеганција, а подоцна го растажи со прераната смрт.

Related posts

Почина момчето на една од најдобрите тенисерки во светот!

CityLife

Почина познатиот дизајнер Роберто Кавали

CityLife

Кралицата Елизабета Втора сподели една од нејзините омилени фотографии со принцот Филип

CityLife