Ема Стоун била возбудена дека Леонардо ди Каприо ѝ го врачил „Оскарот“

1622450549 unnamed file.jpg

Ема Стоун не можела да престане да размислува за „љубовта на нејзиниот живот“ Леонардо ди Каприо кога доби „Оскар“.

32-годишната ѕвезда ја освои најпрестижната награда за најдобра актерка во 2017 година за „Ла Ла Ленд“, но сè што ѝ поминувало низ умот кога излегла на сцената да ја прими наградата било дека нејзината тинејџерска симпатија на кого му се восхитувала во „Титаник“ (1997)  ќе ѝ ја презентира статуетката.

На прашањето какво е нејзиното сеќавање на добивањето „Оскар“ и одењето на сцената, таа одговори: Леонардо ди Каприо.

„Бидејќи тој требаше да ми ја врачи наградата. Кога бев тинејџерка, го гледав Титаник седум пати во киносала. Тој беше љубовта на мојот живот. Имав слика од него во мојата спална соба со негов потпис, која ја добив за роденден кога имав 12 години.“

„И одев кон Лео и си помислив дека ова е официјално најнадреалниот момент во мојот живот. Не можев да верувам.“

Говорејќи во неделната поткаст-емисија The Jess Cagle Podcast, ѕвездата на „Круела“ додаде дека Леонардо е некој со кого пораснала гледајќи ги неговите филмови.

Related posts

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

CityLife

Ставете го ова на прозорецот и ќе заборавите на кондензацијата

CityLife

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

CityLife