Научниците тврдат: Како што стареете, мамурлакот е сè полесен

Dreamstime L 87644983.jpg

Ако мислите дека мамурлакот се влошува како што стареете, нова студија може да ве убеди во спротивното. Во текот на стареењето, мамурлакот станува сè полесен бидејќи се намалува чувствителноста на болка.

Логично би било да мислиме дека колку се луѓето постари, потешко го толерираат алкохолот и излегувањата надвор. Сепак, студија спроведена од Универзитетот во Утрехт, Холандија, тврди дека тоа не е така.

Во статија во Alcohol and Alcoholism Journal, експертите велат дека како што се зголемуваат одговорностите на работа и во семејството, штетните ефекти на алкохолот и пиењето всушност се намалуваат.

Многу луѓе тврдат дека ги знаат своите граници кога станува збор за алкохолот, а експертите, од друга страна, тврдат дека тоа колку се чувствувате пијани може да биде добар показател за тоа колку сте мамурни.

„Тежината на мамурлакот се намалува со возраста, дури и кога контролирате колку пиете. Помладите возрасни групи имале најголем мамурлак, и истиот се намалувал како што старееле, а кај постарите возрасни групи мамурлакот бил многу мал или отсуствувал. Чувствителноста на болка опаѓа како што старееме и ова може да биде причина за намалување на јачината на мамурлакот,“ велат експертите.

За да ги добијат овие резултати, експертите користеле анкета во Холандија. Од 761 учесник, 61 процент биле жени и сите биле на возраст меѓу 18 и 94 години. Експертите проценувале податоци кај оние кои консумирале алкохол најмногу и најчесто во текот на двомесечен период.

Откриле дека помладите генерации консумираат повеќе алкохолни пијалоци отколку постарите луѓе и дека мажите обично пијат повеќе од жените.

Related posts

Нутриционистите се согласуваат: Ова се четирите најздрави зачини

CityLife

Роберт Де Ниро постави нов рекорд на Оскарите со „Убијци на цветната месечина”

CityLife

Џон Ву првпат во жанрот суперхерои со Monkey Master на Стен Ли

CityLife