Двете нови кученца ѝ помагаат на кралицата да ја преброди смртта на сопругот

1619433844 3.jpg

Британски медиуми пишуваат дека кралицата е со своите две нови кученца додека жали за загубата на принцот Филип.

Синот на кралицата, принцот Ендру ѝ подари на својата мајка две нови кученца од нејзината омилена раса  додека принцот Филип беше во болница, а сега, наводно, таа наоѓа утеха во нивното друштво.

Кралицата отсекогаш била љубител на велшки корги.

 

Кралски извор откри: „Кралицата не планираше да земе нови кучиња бидејќи сметаше дека е премногу стара.

Но, Ендру беше тој што ја изненади својата мајка со две нови кутриња кога таа се почувствува сама во палатата, откако војводата беше пренесен во болница“.

Сопругот на кралицата со кого беше 73 години во брак почина на 9 април, неколку месеци пред да го прослави својот 100. роденден.

Related posts

Роберто Кавали ѝ подари остров на својата 47 години помлада партнерка

CityLife

Кендар Џенер со жешки кадри- позираше речиси гола, а фановите полудеа

CityLife

Мадона нуди награда за исчезнатите костими по настапот на Коачела

CityLife