Како да ја спречите појавата на херпес?

Usta Herpes Pery Clanokw.jpg

Појавата на херпес е проследена со мали пликчиња исполнети со течност кои можат да чешаат, пецкаат или болат. Пликовите по некое време пукаат, преминуваат во краста, а кога таа созрева отпаѓа и не остава лузна.

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Освен тоа што ни создава естетски проблем и тешко може да се сокрие, тој долго трае, пецка и чеша.

Вирусот на херпесот е карактристичен по тоа што кога еднаш ќе навлезе во нашиот организам тешко можеме да го излекуваме во потполност. Со одредена терапија, крема и други медицински препарати само го доведуваме во состојба на мирување и во зависност од нашиот имунолошки систем неговата повторна појава е неизбежна.

Најчести причинители на херпесот се стресот, исцрпеноста на организмот, грипот, како и други вирусни инфекции кои го погодуваат нашиот организам за време на ладните зимски денови. Не треба да се заборави дека појавата на херпес за време на летото не е ретка појава, бидејќи високите температури и силното сонце можат да доведат до побуна на вирусот на херпесот и негова појава на кожата.

Појавата на херпес е проследена со мали пликчиња исполнети со течност кои можат да чешаат, пецкаат или болат. Пликовите по некое време пукаат, преминуваат во краста, а кога таа созрева отпаѓа и не остава лузна.

Основно правило за заштита од сите вирусни инфекции е обидот да се избегнува изворот без разлика дали се работи за пиење од иста чаша од која пиела и личноста која има херпес, бакнеж или користење на ист пешкир по туширање.

Херпесот не може да исчезне за два дена доколку веќе се појавил на кожата. Важно е на време да се препознаат симптомите. Постојат разни препарати за лекување на херпесот, но ви советуваме да пробате со коцка мраз. Доколку почуствувате чешање, пецкање или црвенило, земете коцка мраз и ставете ја во таа регија. Со тоа ќе ја спречите појавата на херпес.

Related posts

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги загрижуваат тигрестите комарци

CityLife

Кина испраќа две панди во Сан Диего како гест на пријателство со САД

CityLife

Алесандра Амброзио на одмор во родниот Бразил заедно со Ричард Ли

CityLife