Вучиќ го пречека Жан-Клод Ван Дам во Белград

Screenshot 2026 08 24 095424.jpg

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград се сретна со холивудската ѕвезда Жан-Клод ван Дам, кој престојува во Србија по повод учеството на Филмскиот фестивал во Ниш.

Вучиќ објави фотографии од средбата на својот профил на Инстаграм и порача дека му претставувало големо задоволство да го пречека актерот со чии филмови, како што наведе, пораснале генерации.

„Човекот со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека со доволно дисциплина и упорност понекогаш може да се победи дури и кога сите мислат дека тоа е невозможно“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател изрази задоволство што присуството на Ван Дам на фестивалот ќе придонесе за дополнителна промоција на Ниш и Србија.

За време на вечерата, како што откри Вучиќ, разговарале за повеќе теми, меѓу кои филмот, спортот и Србија.

„Заклучивме и дека до успехот, без разлика дали станува збор за филмот, спортот или животот, не се стигнува без работа, дисциплина и голема енергија“, наведе Вучиќ.

Средбата завршила и со малку хумор. Вучиќ се пошегува дека од Ван Дам не побарал да ја изведе својата препознатлива шпага бидејќи актерот бил облечен во костум, но откри дека двајцата ги одмериле силите во борење со раце.

„Што се однесува до борењето со раце, изгубив, но нема да ви го приредам тоа задоволство во видеоформа“, напиша Вучиќ.

Related posts

Жителите на ЕУ релативно задоволни од животот, најнезадоволни Бугарите

CityLife

Мерил Стрип проговори за методскиот пристап глумејќи ја Миранда Присли

CityLife

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

CityLife