Секоја генерација има свои спомени од детството. За едни тоа се ластикот и плочката исцртана со креда на улица, за други џамлиите во маало, а потоа дојдоа тетрисот и флиперите. Денес децата растат во сосема поинакво време, во кое и начинот на игра постепено се менува.
Пред неколку децении за добра забава честопати беа доволни парче креда, ластик, неколку џамлии и друштвото од маало. Улиците, дворовите и просторот пред зградите беа местата каде што се создаваа детските правила, се организираа натпревари и се склопуваа пријателства.
Потоа се појавија флиперите, тетрисот и првите електронски игри, а со развојот на технологијата детската забава почна сè повеќе да се преселува во затворени и специјализирани простори.
Денешните родители, кои некогаш трчале по улиците со другарчињата, сега бараат места каде што нивните деца ќе можат да се движат, да играат и да се дружат во организирана средина.
Токму таков пример е Family Play Park во Скопје, современ простор за детска игра кој на околу 1.500 квадратни метри обединува повеќе различни содржини за различни возрасти.
Од песочна зона за најмалите и софт-игротека, до дигитален фудбал и Kick Off арена, концептот покажува колку многу се променила детската забава во споредба со времето кога едно парче креда можеше да биде доволно за цело попладне игра.
Променета е и улогата на родителите. Современите семејни центри сè почесто нудат простор и за нив, па додека децата играат, возрасните можат да го поминат времето во кафе и дружење. Во Family Play Park тој дел од концептот е дополнет со Family Cafe.
Но, без разлика дали станува збор за плочка на асфалт, ластик растегнат меѓу две деца, кутија со џамлии, тетрис во рака или модерна игротека, суштината останува непроменета.
Секоја генерација има свои игри. А најубавите детски спомени најчесто не се врзани за тоа со што сме играле, туку со кого сме ја делеле играта.
ПР текст
