Сурутката ги зајакнува коските и ги чисти крвните садови

сурутка.jpg

Поради огромната хранлива вредност што ја има сурутката, се споредува дури и со мајчиното млеко. Сурутката ја поттикнува репродукцијата на ацидофилните бактерии, кои се природен антисептик. Одлична е за диети и програми за детоксикација, бидејќи го забрзува метаболизмот.

Сурутката е течноста што останува по згрутчувањето на млекото, се добива во производството на сирење или казеин и има неколку комерцијални намени. Многу е добра и како додаток на многу прехранбени производи.

Сурутката е многу богата со магнезиум, калциум, цинк, фосфор, витамини од групата Б и амино киселини. Добро делува на коските бидејќи ги надополнува протеините, го хидрира телото и е најдобра замена за спортските пијалоци, па често се користи во бодибилдингот.

Сурутката помага за лачење на серотонин, хормонот на среќата, па затоа се препорачува на сите кои се под стрес, а добра е и за враќање на енергијата, намалување на грчеви во мускулите и нивно опуштање. Кај постарите лица, сурутката ја спречува остеопорозата, ги чисти крвните садови, ги отстранува наслагите на забите, спречува кариес и го регенерира и штити црниот дроб.

Познато е дека терапите со сурутка третираат цревни нарушувања (како што е неправилна столица), хормонски проблеми, дебелина и проблеми со циркулацијата, како што се затнати артерии.

Се консумира така што една лажица сурутка се раствора во чаша вода и се пие како додаток во исхраната.

Помага и кај следниве болести:

-Кај разни гастроентеролошки заболувања

-Воспалителни болести на цревата

-Нарушувања на апетитот и дебелина

-Болка во стомакот и Helicobacter pylori

-Кај бактериски и габични инфекции

-За третман на кандида

-Кај хипергликемија или зголемен шеќер во крвта

Related posts

Кралицата има нова роза која го носи името на покојниот сопруг

CityLife

Лидл Северна Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

CityLife

Дневен хороскоп за 08 април 2026

CityLife