Лекар препорачува да ги практикуваме овие навики доколку сакаме да живееме десет години подолго

Download 1.jpg

Здрави животни навики честопати можат да го отворат патот до долговечноста. За среќа, Др. Мехмет Оз, американски телевизиски водител и лекар, во својата емисија Др. Оз шоу споделува пет едноставни работи што можеме да ги направиме за да додадеме години во нашите животи.

1. Користење на скалите

Одењето по скали само две минути дневно може да го забрза нашиот пулс, да изгради мускули и да додаде години во нашите животи. „Качувањето по скали само две минути дневно може да направи голема разлика за вашето здравје“, вели др. Оз во шоуто.

2. Правилото за пет на ден

Со консумирање на пет порции овошје и зеленчук дневно, можеме да го намалиме ризикот од рак и да ја подобриме функцијата на мозокот. Освен тоа, тоа ќе ни овозможи да живееме подолго, тврди експертот.

3. Тест за одење

Д-р. Оз препорачува тест од шест минути пешачење кој би можел да открие колку сме здрави. Тој објасни: „Правилото на палецот е дека треба да можете да одите околу 650 чекори за шест минути без премногу да се изморите“.

Можеме да провериме дали сме премногу уморни обидувајќи се да зборуваме. Ако можеме да зборуваме добро, тоа значи дека сме го положиле тестот.

4. Спиње

Лекарот ја истакна важноста на квалитетен сон. Тој вели дека на жените им требаат околу седум часа сон, а на мажите околу осум.

5. Конзумирање доволно влакна

Треба да се стремиме кон најмалку девет грама влакна во барем еден оброк дневно, препорачува докторот. Сепак, додаде дека дневната норма е 25 грама.

“Одличен начин да го направите ова е да изедете половина шолја леќа, која содржи околу девет грама влакна. Тоа е совршен прилог или може да биде главно јадење ако сте вегетаријанец”, заклучил др. Оз.

Related posts

Германците воведоа казни до 25 илјади евра за правење скара на јаглен на балкон

CityLife

Студените раце може да бидат симптом на сериозна здравствена состојба

CityLife

Отсега можни се повици преку X

CityLife