Женското жири на Канскиот фестивал се надева на крај на родовата дебата

Жените ќе бидат побројни од мажите во жирито на Канскиот филмски фестивал оваа година, а членовите, вклучително и француската актерка Мелани Лорен, во вторникот изјавија дека сонуваат за време кога женското претставување веќе нема да претставува вест во кино-индустријата.

Најголемиот светски филмски фестивал, заедно со ривалските витрини како Венеција, веќе подолго време е под лупа поради малиот број жени режисери во трката за главни награди или на влијателни позиции.

Филмската екстраваганца на француската ривиера започна во вторникот (6 јули) со премиера на мјузиклот Annette на Леос Каракс, а американскиот режисер Спајк Ли го предводи жирито што ќе го избере добитникот на главната награда Palme D’Or („Златна палма“), прв афроамериканец што ќе го стори тоа.

Пет жени ќе го сочинуваат панелот од девет членови – меѓу нив француската актерка Мелани Лорен, американската актерка Меги Гиленхал, филмските режисерки Џесика Хауснер и Мати Диоп, и пејачката Милен Фармер.

„Мојот сон би бил ова да биде прв и последен фестивал каде што има дебата за жени“, рече Лорен на прес-конференција на француската ривиера, придружувана од членови на жирито, со маски за лице во услови на силни контроли за Ковид-19.

Диоп, чија дебитантски филм „Атлантикс“ ја освои главната награда на Кан во 2019 година, изрази надеж кино-светот да биде ослободен од ваквите дистинкции.

„Не знам дали во текот на нашиот живот ќе излеземе на сцената кога веќе нема да мора да се користи терминот жена-режисер, однсно кога нема да ставаме ‘жена’ пред ‘режисер’,“рече Диоп.

Само четири филма во режија на жени беа избрани меѓу 24-те кои се борат за Златната палма оваа година, иако бројот на режисерки присутни на други паралелни настани и натпревари е зголемен, соопштија организаторите.

„Ова отсликува дека нашето општество сега е подготвено за одредена промена што требаше да се случи порано“, рече австриската режисерка Џесика Хауснер, чиј игран филм Little Joe („Малиот Џо“) беше одбран да се натпреварува за Златната палма во 2019 година.

Related posts

Фејсбук воведува голема промена: Еве како ќе прикажува видео содржините

CityLife

Дневен хороскоп за 20 јануари: На Лавот му пристигнуваат пари, за Близнаците ден погоден за сè

CityLife

Ленено семе – вистинско нутритивно богатство

CityLife