На потенцијалните партнери на Џесика Симпсон им кажувале да не излегуваат со неа

20210503 jessicasimpson ig.jpg

Џесика Симпсон открива дека на нејзините потенцијлни момчиња им било речено да не излегуваат на состанок со неа.

Пејачката тврди дека публицистите ги повикувале своите клиенти да не стапат во врска со неа по разводот од нејзиниот прв сопруг Ник Леши, и ги убедувале дека „никогаш нема да бидат почитувани музичари, ако го сторат тоа“.

Говорејќи како гостин во шоуто на Дру Баримур за периодот кога била сингл, таа објасни: „Јас бев лицето од кое бегаа затоа што секое момче го слушаше својот публицист: Останете настрана, држете се настрана од неа, никогаш нема да бидеш почитуван актер, никогаш нема да бидеш почитуван музичар ако излегуваш со неа.“

А во врска со периодот кога беше со Ник, таа рече: „Отидов директно од татко ми кај него. Ник е многу паметен. Тој беше осум години постар од мене, но сепак и тој беше многу млад. Многу си значевме еден на друг и меѓусебната почит секогаш ќе остане.“

“Јас се омажив за него со причина и ние бевме заедно седум години. Тој сега има семејство. Никогаш не би рекла нешто за да им наштетам.“

Related posts

Научниците предупредуваат – Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби

CityLife

Во јуни доаѓа втората сезона од серијата „Куќата на змејот“

CityLife

Сопственикот на Луј Витон го престигна Маск на листата на најбогати на Форбс

CityLife