Нина Талеска освои сребрен медал на Светското првенство во хип-хоп во Полска

20261022200224 big 730x400 33.webp.webp

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A LEG го освои второто место на Светското првенство во хип-хоп, кое се одржува во Келце, Полска, освојувајќи сребрен медал во категоријата хип-хоп соло „Мини кидс“.

Со овој резултат, Талеска го постигна најголемиот успех за Македонија досега во оваа категорија, натпреварувајќи се со млади танчери од целиот свет.

„Овој успех е резултат на огромна посветеност, дисциплина и напорна работа. Горда сум на Нина и верувам дека ова е само почеток на нејзините големи успеси“, вели нејзината тренерка и кореографка Андријана Петковски.

Светското првенство се одржува од 17 до 24 октомври и обединува околу 4.000 танчери од 34 земји.

Related posts

Светско првенство, светска забава: 20% попуст за родендени во Kick Off Arena & Family Play Park

CityLife

Полицијата уапси натрапник пред куќата на Тејлор Свифт

CityLife

Хали Бери сподели ретка фотографија од ќерката и синот

CityLife