Сливата како лек

Unnamed 3 2

Сливата потекнува од родот Prunus, на кого припаѓаат и праската, вишната и црешата. Латинскиот збот и е Prunus domestica, а се смета дека потекнува од брегот на Каспиското море. Сливата се одгледува во текот на целата година, а најголеми произведувачи се Русија, Кина, САД и Романија. Во нашите краеви свежа слива може да се најде од мај до октомври .Постојат околу 430 видови распространети ширум северните умерени подрачја во светот. Многу се одгледуваат како овошје или за украс. Плодовите се нарекуваат и коскено овошје заради тврдата семка во нив.

Сливите можат да бидат идеален лек за дигестивни, црн дроб, кардиоваскуларни проблеми и проблеми со слабеење.

Сливата е  богата  со растителни влакна, јаглехидрати, јаглехидрати, органски киселини, витамини и минерали. Нема систем или орган што не му помага да функционира подобро. Сливите се миризливи и освежувачки, помагаат при слабеење, лекуваат болести, детоксицираат, ја враќаат виталноста на организмот и се добри за убавината.

Здравствени придобивки од сливата:

1. Вкусните, месести и сочни сливи имаат ниска калорична вредност и не содржат заситени масти, а содржат голем број состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.

2. Одредени соединенија кои се корисни за здравјето, а можат да се најдат во сливата, како што се: растителните влакна, сорбитол и исатин, помагаат при регулацијата на работата на дигестивниот систем и поради тоа се користат како лек во случаите на констапација.

3. Свежите сливи се одличен извор на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори против воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали.

4. Свежите сливи, а особено џанките (малите жолти сливи) се одличен извор на витамин А и бета-каротин. Витаминот А е клучен за добриот вид. Исто така е потребен и за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А дава одредена заштита од рак на белите дробови и усната празнина.

5. Сливата исто така е и добар извор на флавоноидните полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, криптоксантин и зеаксантин. Овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести. Зеаксантинот е важен прехранбен каротиноид, кој селективно се апсорбира во слузокожата во очите, каде што обезбедува антиоксидантска функција и обезбедува заштита преку филтрација на светлината.

6. Сливите се богати со минерали, како што се: калиум, флуор и железо. Железото е неопходно за создавањето на црвените крвни зрнца. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.

7. Сливите се богати и со витамини од Б-комплексот, како што се: ниацин, витамин Б6 и пантотенска киселина. Овие витамини се кофактори во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите. Исто така, сливите обезбедуваат и околу 5 проценти од днвено препорачаната доза на витамин К. Витаминот К е клучен за голем број коагулациони фактори, како и за метаболизмот на коските, а помага и во олеснување на симптомите на Алцхајмеровата болест кај постарите.

 

Related posts

Ладните раце и стапала може да се предзнак за сериозни болести

CityLife

Зошто хидратацијата на телото е неопходна и како да се постигне?

CityLife

Луѓето не можат да се вратат на нормален живот по прележан корона вирус

CityLife