Васил Гарванлиев: На 16 години ѝ признав на мајка ми дека сум геј

Dda1a770 321a 4670 B8c8 96dab7d3c335

Овогодинешниот претставник на Македонија на Евровизија јавно прозборе за својата сеkсуалност и откри дека е геj, во интервју за „Репортер“.

Васил Гарванлиев откри дека на 16 години, преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“, кажа Васил за „Репортер“.

Тој претходно во интервју за британскиот магазин „Атитјуд“ раскажа дека неговата сексуална определба долго време била јавна тајна и меѓу роднините и меѓу пријателите. Иако повеќето претпоставувале дека е геј, никој јавно не зборувал за тоа.

„Мислам дека молчев до моите 27-28 години. Ќе дојдев во Македонија, и никој не зборуваше за тоа. Кога се женеше брат ми, на свадбата бев со мојот тогашен партнер, и тој седеше на масата покрај мене. Беше неверојатно бидејќи никој не коментираше јавно. Од друга страна, ни ние не викавме на глас дека сме заедно“, додава Васил и вели: „Кога се вратив да живеам во Македонија во 2018 година за да се фокусирам на кариерата, сфатив дека по повеќе од 20 години, јас пак ќе морам да молчам за тоа што сум“.

Тој во отервјуто вели дека решил да биде тоа што е.

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Повеќето членови на ЛГБТИ заедницата кај нас и денес се кријат. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање. Како уметници, ние сме одговорни да зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, додава Васил.

Related posts

Зошто во лифтовите има огледала?

CityLife

Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари

CityLife

„Гугл мапс“ ќе ги насочува возилата по еколошки правци

CityLife