Како да препознаете згрутчување на крвта?

Krv

Згрутчувањето на крвта е исклучително редок, но многу сериозен несакан ефект од вакцината на AstraZeneca против ковид-19.

„Заклучивме дека формирањето на тромб треба да биде наведено како можен несакан ефект на вакцината“, рече во средата директорката на ЕМА, Емер Кук.

Придобивките од AstraZeneca продолжуваат да ги надминуваат ризиците, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА). Сепак, комитетот за безбедност на агенцијата рече дека е важно да се знаат знаците за можен тромб.

Згрутчување на крвта се формира кога крвта се згуснува и формира полуцврста маса. Може да биде корисен одговор при запирање на крварењето во случај на повреда, но тромбовите можат да создадат проблеми доколку го запрат протокот на крв во виталното подрачје, пренесува N1.

Згрутчување на крвта може да предизвика блокирање на протокот во нозете, стомакот и белите дробови. Поголемиот дел од згрутчувањата на крвта поврзани со вакцината на АстраЗенека се случиле во вените на мозокот на луѓето кои ја примиле вакцината.

Овие тромбови, познати како тромбоза на церебрален венски синус (CVST), може да доведат до мозочен удар, напади и смрт.

До денес, повеќето пријавени тромбови се појавиле кај жени на возраст под 65 години во рок од две недели по вакцинирањето.

Бидејќи младите имаат поголема веројатност да го доживеат овој несакан ефект, британските регулатори препорачуваат луѓето на возраст под 30 години да не примаат вакцина на AstraZeneca освен ако веќе не ја примиле првата доза од вакцината.

Симптомите на згрутчување на крвта вклучуваат отежнато дишење и главоболка. ЕМА наведе дека луѓето кои веќе примиле AstraZeneca треба да контактираат со својот лекар ако почувствуваат некој од следниве симптоми:

недостаток на воздух,
болка во градите,
оток во нозете,
стомачна болка,
невролошки симптоми кои вклучуваат заматен вид и постојани главоболки.
Некои несакани ефекти кои вклучуваат болка во местото на пункција или болки во телото се лесни и нормални несакани ефекти во првите неколку дена по вакцинирањето и не претставуваат причина за загриженост.

Меѓутоа, ако имате потешки и подолги симптоми четири до 20 дена по вакцинирањето, треба да побарате лекарска помош, советува Светската Здравствена Организација (СЗО).

Згрутчувањето на крвта обично се третира со антикоагуланси, известува Science Alert и може да се избегнат компликации доколку тромбот се забележи навреме.

Related posts

Ладните раце и стапала може да се предзнак за сериозни болести

CityLife

Ковид се менува, ова се најчестите симптоми кај новите случаи

CityLife

По вакцинирањето, не смеете да ги правите овие 6 работи

CityLife