My Dealer ВРАБОТУВА МЕНАЏЕР НА СЕРВИС за комерцијални и специјални возила

Img 2280.jpeg

My Dealer го проширува својот тим и бара искусен Менаџер на сервис за нашиот сервисен центар во Глумово, Скопје.

Бараме професионалец со силно техничко искуство во областа на комерцијалните и специјалните возила, кој ќе биде одговорен за организација, координација и контрола на целокупното работење на сервисот и сервисниот тим.

Клучни одговорности:

  • организација и распределба на работата на механичарите
  • планирање и следење на сервисните активности и роковите
  • технички надзор и поддршка при дијагностика и посложени дефекти
  • контрола на квалитетот на извршените работи
  • водење и контрола на работни налози и сервисна документација
  • координација на резервни делови, материјали, алати и опрема
  • следење на продуктивноста, трошоците и ефикасноста на сервисот
  • воспоставување и одржување јасни сервисни процедури

Што бараме:

  • значително искуство во сервисирање и одржување на комерцијални возила
  • претходно искуство во водење или координација на сервисен/технички тим
  • одлично познавање на механика, дијагностика и дефектажа
  • познавање на електрични и електронски системи на возила
  • одлични организациски и лидерски способности
  • техничко образование и познавање технички англиски јазик

Што нудиме:

  • клучна улога во развојот и организацијата на My Dealer Service
  • професионална работна средина и современа сервисна опрема
  • високо ниво на самостојност и одговорност во водењето на сервисот
  • долгорочна можност за професионален развој
  • конкурентни услови согласно искуството и стручноста

My Dealer Service Center – Глумово, Скопје

📩 Заинтересираните кандидати може да испратат CV на d.stojkovska@mydealer.mk

Доколку познавате професионалец кој одговара на профилот, слободно споделете ја објавата.

ПР Текст

Related posts

Џенифер Лопез среќна што поминува време со Бен Афлек

CityLife

Семејство од Скопје нуди награда од 2.500 евра за оној кој ќе најде папагалот Шер

CityLife

Што се случува со вашето тело ако не пешачите редовно

CityLife