Трагедија на Октоберфест: Српски државјанин загина на забавна атракција

Screenshot 2026 09 22 165847.jpg

Трагедија се случи на познатиот фестивал на пивото „Октоберфест“ во Минхен, каде што 52-годишен српски државјанин, кој работел како обезбедувач, го загуби животот во тешка несреќа на една од забавните атракции.

Според информациите што ги објави германски „Билд“, несреќата се случила кратко пред 22 часот на кулата за слободен пад „Мамурлак“. Мажот бил удрен од гондола на атракцијата и се здобил со повреди опасни по живот.

На местото веднаш била укажана итна медицинска помош и биле преземени мерки за реанимација, по што повредениот бил пренесен во болница во Минхен. И покрај напорите на лекарите, тој подоцна им подлегнал на повредите.

Станува збор за атракција висока околу 80 метри. Според првичните информации, 52-годишниот обезбедувач во моментот на несреќата се наоѓал во простор во кој не смеел да престојува. Таму бил удрен и притиснат од гондолата на атракцијата.

Германската полиција започна истрага за утврдување на точните околности под кои се случила трагедијата. Одделот за кривични истраги побара помош и од посетителите, особено од оние кои евентуално го снимиле моментот на несреќата.

„Октоберфест“ е еден од најголемите фестивали во светот и секоја година привлекува повеќе од шест милиони посетители. За безбедноста на годинашното издание се ангажирани околу 600 полицајци, како и стотици припадници на приватното обезбедување.

Related posts

Маслото од глуварче помага при проблеми со синусите

CityLife

Џејмс Бонд останува на големото платно по договорот со „Амазон“

CityLife

Растот на цените на горивата го зголемил бројот патници во јавниот транспорт во француските градови

CityLife