Семејство од Скопје нуди награда од 2.500 евра за оној кој ќе најде папагалот Шер

Messenger Creation 7f90ec2d E768 4533 84cd D10b0845ffc1 1170x1175 1.jpeg

Награда од 2.500 евра нуди семејство од Скопје, чиј папагал Шер, од видот ара, се изгубил пред четири дена, а последен пат е виден во скопската населба Волково, близу картингот. Сопствениците имаат и упатство, околу тоа доколку некој ја забележи, како да ѝ пријде без да ја исплаши или повреди. Повикајте ја, питома е, нема да ве касне. Пружете ѝ рака, не дланка и покажете ѝ трпение, ќе дојде. Не ѝ приоѓајте со пешкир или ќебе и не ја фаќајте за врат од напред. Ако ви застане на рака внесете ја на затворено. Ако морате да ја фатите со раце тогаш фатете ја позади за вратот без стискање или на грбот“, објаснуваат од семејството. Секој кој има информација за Шер, може да се јави на мобилниот број на сопствениците 076 302 321.

Related posts

Трите најважни минерали за функцијата на тироидната жлезда, а ова се намирниците кои ги содржат

CityLife

Германците воведоа казни до 25 илјади евра за правење скара на јаглен на балкон

CityLife

Дали маслиновото масло се расипува?

CityLife