Легендарниот британски пејач и текстописец Џорџ Мајкл беше почестен со издавање персонализирана колекционерска монета.
Британската кралска ковачница објави дека новата монета, на која пејачот е со очила за сонце со неговиот потпис, му оддава почит на хит-соло-синглот на британската музичка ѕвезда од 1987 година „Faith“.
Монетата е дизајнирана од уметникот и скулптор Сандра Дејана.
-Од неговото деби со дуото WHAM!, Џорџ Мајкл стана еден од најпродаваните соло музичари на сите времиња. Тој е глобална суперѕвезда која инспирираше и влијаеше на генерации со својата работа, музика и уникатен стил. Со задоволство ви претставуваме. официјална британска монета со која се слави животот и наследството на Мајкл“, изјави Ребека Морган, директорка на колекционери на монети во Кралската ковачница.
Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.
Монетата е најновата во серијата „Легенди на музиката“ на Кралската ковачница, која претходно им оддаде почит на Дејвид Боуви, Елтон Џон и Квин, а ќе биде достапна за купување оваа недела.