(ВИДЕО) Почна карневалот во Рио де Жанеиро

Karnevalrio 3.webp.webp

Познатиот карневал во Рио де Жанеиро започна со традиционални паради на играчи, но и со парада на неколку десетици кучиња облечени во костими на сирени, суперхерои, пеперутки и кловнови, кои среќно трчаа со своите сопственици на омилената улична забава во бразилскиот град.

Повеќе од 200 сопственици на кучиња се собраа денеска со своите миленици, на плажа во Рио, каде кучиња облечени во тул и светки учествуваа на натпреварот за најдобар костим на денот.
Кучиња од различни големини и раси радосно шетаа мавтајќи со опашот, додека организаторите ги објавуваа нивните имиња преку разглас, додека улиците беа преполни со конфети. По парадата, сопствениците на кучиња продолжија да се забавуваат во градот, каде исто така е во тек „вистинскиот“ карневал.

Петдневниот карневал е една од главните атракции на Рио де Жанеиро. Шарената парада на членовите на училиштата за самба се смета за најспектакуларната прослава од ваков вид во светот.

Бразилскиот министер за туризам вели дека 49 милиони луѓе учествуваат на карневалските настани низ целата земја. Се проценува дека околу 200.000 странци доаѓаат во Бразил на карневалот.

Related posts

Анџелина Џоли ја загуби судската битка против Бред Пит за лозјата Миравал

CityLife

Главата на роботот „C-3PO“ од „Војна на ѕвездите“ продадена за 843.000 долари

CityLife

Колку траат хороскопските знаци во врска: Бикот сака до крај, Лавот брзо му здосадува

CityLife