Том Круз за прв пат во филм на Тарантино

O 1860941 1024.jpg

Во последните недели се шпекулираше дека холивудскиот актер Том Круз ќе глуми во новиот и воедно последен филм на режисерот Квентин Тарантино.

Eдна од најголемите ѕвезди во индустријата, Круз никогаш не глумел во филм на Тарантино, што ја прави оваа соработка многу очекувана. Работната етика на Круз, во комбинација со одличното пишување и режија на Тарантино, ќе го направи совршено да одговара за „The Movie Critic“, според The ​​ScreenRant.

Се уште не е официјално потврдено дека Круз ќе го видиме на големото платно во делото на Тарантино, иако се повеќе се зборува за тоа и се шпекулира дека се водат финални преговори.

Круз би о виделе рамо до рамо со Бред Пит, кој веќе доби улога во новиот филм, што ќе биде првпат по 20 години по Интервју со вампирот.

Том Круз беше накратко разгледуван за улогата на Клиф во „Беше еднаш во Холивуд“ пред Тарантино на крајот да се реши за Пит. Според Колидер, Тарантино всушност разговарал со Круз за улогата лично, опишувајќи го како „одлично момче“, но одлучил дека Пит подобро ќе се снајде во улогата бидејќи тој и Леонардо ди Каприо прават подобра двојка на екранот.

Related posts

Погоден Евроџекпот: Среќник од Германија доби неверојатни 63 милиони евра!

CityLife

Селин Дион се врати на сцената по шест години: „Ветив дека повторно ќе пеам“

CityLife

Паричките од Фонтана ди треви се употребуваат за добротворни цели

CityLife