Бејби Лазања претставник на Хрватска на „Евросонг“

Image 2024 02 26 114638864.png

Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.

– Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко,

Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.

Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги. Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката. 

Related posts

Јапонската Влада со апликација за запознавање се обидува да го реши проблемот со намалувањето на населението

CityLife

Ќерката на Ед Ширан плаче кога тој пее

CityLife

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување

CityLife