Знаете ли зошто се вели дека скршено огледало носи 7 години несреќа?

Ogledalo

Дали некогаш сте се запрашале зошто скршеното огледало наводно носи седум години несреќа? Едно од најпознатите верувања датира од дамнешните времиња, кога изработката на овој предмет била многу скапа, бидејќи се правел од ретки материјали, како вулканско стакло. Го имале само богатите.

Прочуените венецијски мајстори од XV и XVI век, не сакале да го откријат занаетот, но и за повеќе да ја кренат вредноста на својот производ, покренале приказна дека оној кој ќе го скрши огледалото, ќе биде несреќен.

Дури и старите римјани имале своја теорија, верувајќи дека огледалото ја „фаќа“ душата додека се гледаме во него, па кога ќе го сршиме, таа останува расцепена во делчињата и потребни се седум години за да се обнови.

Related posts

„Инстаграм гори“: Анастасија повторно провоцира во бикини

CityLife

Милијардерите во текот на пандемијата станаа „потешки“ за 4.000 милијарди долари

CityLife

Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продаденo за 1.850 фунти

CityLife