Војводата и војвотката од Кембриџ ги воодушевија кралските фанови со посетата на Шкотска – каде што првпат се сретнаа

Членовите на британското кралско семејство постепено се враќаат на службените должности по олеснувањето на ограничувањата наметнати во екот на пандемијата.

Од првото јавно појавување на кралицата на државното отворање на парламентот на почетокот на овој месец, до посетата на принцот Чарлс и војвотката од Корнвол во Северна Ирска минатата недела, членовите на монархијата почнаа со своите ангажмани.

А сега, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ се во официјалната посета на Шкотска. Кралската двојка се врати на должностите со прилично долг список на ангажмани.

Принцот Вилијам е нешто помалку од една недела во Шкотска. Неговата посета започна во петокот и ќе трае до четврток, 27 мај. Тој патува во својство на висок комесар на Генералното собрание на Црквата на Шкотска, а Кејт му се придружи на половина од престојот, во понеделникот.

Заедно, двојката е во посета на Единбург и Фајф, како и на своето прво заедничко официјално патување во Оркни.

Палатата Кенсингтон соопшти дека „нивните кралски височества со нетрпение очекуваат средба со широк спектар на луѓе, како и добротворни организации и други организации кои допринесуваат на полето на животната средина, менталното здравје како и бездомништвото и зависноста“.

Related posts

Џенифер Лопез го носи вереничкиот прстен од Родригез во нова реклама за „Џеј Ло бјути“

CityLife

Марк Волберг треба да се здебели 13 килограми за нова улога

CityLife

Закони против тн. „евтина мода“ првична одобрен во француското Собрание

CityLife