Еве зошто кесичката со чипс никогаш не е полна

Img 4266.jpeg

Сигурно барем еднаш сте отвориле кесичка чипс и сте се запрашале зошто изгледа како половина од неа да е празна. Иако на прв поглед може да изгледа дека производителите штедат на чипсот, празниот простор во пакувањето има важна функција.

Кесичките намерно не се полнат до врвот. Просторот служи како заштита за кревкиот чипс при транспортот и складирањето. Без него, многу поголем дел од парчињата би се искршиле и наместо цели парчиња чипс, потрошувачите би добиле кесичка полна со ронки.

Но, има уште една интересна работа – во кесичката всушност нема обичен воздух.

Производителите најчесто користат азот, кој го заменува воздухот во пакувањето. Азотот е инертен гас и помага да се забават процесите што доведуваат до губење на свежината и промена на вкусот на производот.

Така, „воздухот“ во кесичката има двојна задача – да го заштити чипсот од кршење и да помогне подолго да остане свеж.

Затоа, следниот пат кога ќе отворите голема кеса во која чипсот зафаќа само дел од просторот, имајте предвид дека празнината не е случајна. Секако, количината што ја купувате треба да ја гледате според нето-тежината наведена на пакувањето.

Related posts

Ким Кардашијан и Канjе Вест се согласија на заедничко старателство по разводот

CityLife

Жалфијата лекува воспаленија и го чисти телото од токсини

CityLife

Ганс енд Роузс објавија видео со вештачка интелигенција за песната „Генералот“

CityLife