(Видео) „Ф9“ ќе се појави во кино во Сингапур еден месец пред САД

2021 04 22 F9 Fast And Furious 9.jpg

„Јунајтед интернешнл пикчрс“ објави дека „Ф9“, деветтиот во хит-серијалот „Брзи и бесни“, ќе се појави во киносалите во Сингапур повеќе од еден месец пред неговото излегување во САД.

Fast & Furious ќе има премиера на 26 мај во Сингапур, 31 ден пред премиерата во Америка, на 25 јуни. Super Sneaks започнува уште порано, на 21 мај.

Додека F9 стигне во Америка, тука ќе биде стара вест, коментираат азиски медиуми, и додаваат дека слична ситуација имаше и со Godzillа vs. Kong и Mortal Kombat, кога и двата филма беа објавени една недела или две порано од САД.

Се чини дека киносалите во Југоисточна Азија покажуваат подобри перформанси за време на пандемијата, а студијата ги преместуваат своите филмски премиери таму за да ги зголемат профитите.

Франшизата „Брзи и бесни“ добро се покажа на киноблагајните, постигнувајќи речиси 6 милијарди долари во светски рамки, па секако дека студиото сака неговото последно продолжение да се претстави добро низ целиот свет.

Related posts

Љубителка на животни отвори студио за луѓето да можат да посетуваат јога часови со своите кучиња

CityLife

Домашните миленици имаат позитивен ефект врз здравјето на сопственикот

CityLife

Магична свадба на зајдисонце: Гвен Стефани и Блејк Шелтон

CityLife