Во Пекинг вторпат годинава се одржуваат Светските игри меѓу хуманоидни роботи

Image 2026 08 25 185656762.png

Во Пекинг вторпат годинава се одржуваат Светските игри за хуманоидни роботи. Натпреварот се одвиваше во повеќе дисциплини, но финалињата во гимнастика и трката со пречки на 400 метри привлекоа големо внимание од публиката.

Во гимнастичките дисциплини роботите ги демонстрираа своите способности изведувајќи скокови и салта со што ја покажаа флексибилноста, координацијата и контролата врз своите механички тела. Но, сепак најголем интерес предизвика трката со пречки во која роботите мораа да се снаоѓаат по сложената патека и да совладуваат различни предизвици. Тие се провлекуваа меѓу столбови, лазеа, се качуваа по скали и прескокнуваа бариери, тестирајќи ја својата еластичност и динамичката рамнотежа.

Иако станува збор за напредна технологија натпреварувањето покажа дека хуманоидните роботи сè уште имаат сериозни ограничувања. Паѓањата, сопнувањата и неуспешните обиди за совладување на пречките беа неизбежен дел од трката што кај публиката предизвика смеа, но и симпатии кон нив додека се обидуваа да ги завршат поставените задачи.

На овогодишното натпреварување се одржуваат вкупно 51 дисциплина, поделени во две категории. Триесет од нив се класични спортски натпревари, додека 21 дисциплина е заснована на сценарија од реалниот живот.

Related posts

На модна ревија во Милано манекенките гаѓани со јајца и ѓубре

CityLife

Мајк Тајсон ќе глуми во филмот „Bunny-Man“ кој ќе се снима во Италија

CityLife

Софија Ричи позира во живописни бикини

CityLife