Де Армас во врска со Пол Букадакис откако Бен се смири со Џенифер

Ана де Армас, актерката од „Нож во грб“, има ново момче.

Кубанката (33) е во врска со раководителот во „Тиндер“, Пол Букадакис (37), веќе неколку месеци, според „Пејџ сикс“.

Порталот ја објави веста токму кога поранешниот партнер на Ана, Бен Афлек (48) беше виден како ја бакнува Џенифер Лопез (51) во Малибу, во друштво на нејзините деца близнаци и нејзината сестра Линда Лопез. Бен и Џенифер се повторно заедно од април, иако некои медиуми тврдат дека тие ја обновиле романсата уште во февруари.

„Пол и Ана се запознаа преку пријатели. Тој живее во Остин (Тексас), но времето го дели помеѓу Тексас и Санта Моника (Калифорнија). Пол помина многу време со Ана пред да таа да замине од САД за да снима нов филм,“ изјави инсајдер за „Пејџ сикс “.

Истиот извор тврди дека Ана веќе се запознала со членовите на семејството на Пол.

Бен Афлек и Ана де Армас се разделија во јануари. Нивната романса започна во текот на снимањето на трилерот „Длабока вода“ во 2020 година.

Related posts

Стјуардеса откри три грешки при резервирање лет

CityLife

(ВИДЕО) Вака сега изгледа пустинската Долина на смртта во САД

CityLife

Овие три хороскопски знаци кои ретко покажуваат емоции

CityLife