Рок бендот „Манескин“ од Италија е оводишниот победник на Евровизија со песната „Zitti E Buoni“.
Италија изби на врвот по гласањето на публиката, и ја понесе победата со 524 поени на табелата.
На второто место е Франција со 499 поени, а на третото Швајцарија со 432 поени.
Македонското жири на Србија и’ додели 12 поени. Oстанатите гласови се: Русија (1), Кипар (2), Шведска (3), Исланд (4), Малта (5), Швајцарија (6), Франција (7), Израел (8), Италија (10).