Скандал по финалето: „Дали зад сцената шмркаше кокаин?“ – новинар го праша победникот на Евровизија

Kokain.jpg

Претставникот на Италија, Дамијано Дејви се најде во центарот на скандал, кога на прес-конференција по победата го прашаа дали шмркал кокаин зад сцената.

Тој рече дека не користи наркотични средства.

Денеска се споделува снимено во директниот пренос зад сцената.

Победничкиот бенд на нивниот официјален профил на Инстаграм напишаа дека немаат што да кријат и дека се подготвени да бидат тестирани доколку е потребно.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што победивме. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот е мртов. Ве сакаме”, се вели во објавата.

Related posts

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе биде достапна и во Азија на 27 мај

CityLife

Изнајмувањето на Вилата на Тито во Сплит за еден ден чини 4.000 евра

CityLife

Кога навистина почнуваме да изгледаме значително постари

CityLife