Бизарно предупредување на американските власти: „Не ги прегрнувајте и не ги бакнувајте своите кокошки“

Kokoshki.jpg

Во Соединетите држави неодамна беше забележано зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од салмонелоза, предизвикана од бактеријата Салмонела, па властите издадоа препорака за која многумина се насмеаја.

„Не ги бакнувајте или прегрнувајте пердувестите животни и не јадете или пиете во нивна близина“, порача Центарот за контрола и превенција на болести, главната сојузна државна агенција за јавно здравје.

Центарот објасни дека зголемувањето на бројот на случаи со салмонелоза е делумно поврзано со ваквото однесување. Од средината на февруари, регистрирани се 163 случаи, од кои 34 завршиле со хоспитализација.

„Во разговорите со пациенти беше утврдено дека контактите со живината се веројатен извор на епидемијата. Иако изгледаат чисти, кокошките и патките можат да пренесат салмонела, бактерија што предизвикува дијареја, треска и повраќање“, велат експертите на агенцијата.

Властите препорачаа и темелно миење на рацете по контакт со живината.

Related posts

Кијану Ривс не беше првиот избор за Нео во Матрикс, еве кој актер ја одбил улогата

CityLife

Овие хороскопски знаци секогаш зрачат со позитивна енергија

CityLife

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули

CityLife