Сопственикот на Луј Витон го престигна Маск на листата на најбогати на Форбс

Download 12.jpg

Французинот Бернар Арно, претседател и извршен директор на глобалната компанија за луксузни производи LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) е најбогатиот човек во светот, откако го презеде првото место од американскиот претприемач Илон Маск, според веб-страницата на магазинот Форбс.

Според Форбс, богатството на Арно пораснало за 23,6 милијарди американски долари и моментално се проценува на 207,8 милијарди долари.

Илон Маск падна на второто место со неговите компании Тесла и Спејс X кои му помогнаа да постигне нето вредност од 204,5 милијарди долари.

Веста доаѓа откако компанијата на Маск, Тесла, падна за 13 отсто во четвртокот, што предизвика американскиот бизнисмен да загуби повеќе од 18 милијарди долари од нето богатство.

Во меѓувреме, акциите на LVMH денеска пораснаа за над 13 отсто поради веста за силна продажба.
Пазарната капитализација на LVMH достигна 388,8 милијарди долари, во споредба со пазарната капитализација на Tesla од 586,14 милијарди долари.

Арно има пет деца и сите работат во ЛВМХ. Тој неодамна назначи двајца од неговите синови во одборот на LVMH заедно со уште две деца кои веќе беа во одборот во обид да обезбеди долгорочна семејна контрола, според Форбс.

Според листата на Форбс, на трето место е основачот на американската корпорација Амазон, Џеф Безос со 181,7 милијарди долари, потоа еден од креаторите на корпорацијата Оракл Лари Елисон со 142,5 милијарди и шефот на американската корпорација Мета Марк Цукерберг со 139,8 милијарди долари.

На листата на десетте најбогати луѓе на планетата се најдоа и ко-основачот на Гугл Лери Пејџ, чие богатство е 126,9 милијарди долари, основачот и извршен директор на компанијата Беркшир Хатавеј Ворен Бафет со 126,6 милијарди и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 122, 8 милијарди.

Related posts

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

CityLife

Принцот Хари во Лондон, првпат по контроверзното интервју со Опра

CityLife

Мадона изгледа неверојатно младешки на 62 години

CityLife