Синот на Џејми Оливер има само 13 години, долго време готви, а сега објавува книга со рецепти

R0 1799 2953 3524 W1200 H678 Fmax.jpg

Велат дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, а доказ за тоа е 13-годишниот син на познатиот готвач Џејми Оливер. Покрај тоа што неколку години самостојно готви, оваа година објави и своја книга со рецепти погодни за деца.

„Време е за возбудлива објава… Бади ја објавува својата прва книга за готвење наречена Ајде да готвиме со Бади Оливер! Сите сме многу возбудени што конечно ќе ја споделиме оваа вест со вас!“ пишува под објавата на младиот Бади на Инстаграм.

Неговата книга со рецепти официјално е објавена на 4 јули, а сега е достапна за нарачка однапред – на Амазон по цена од 18,40 фунти или нешто повеќе од 21 евро. Книгата за готвење ќе содржи повеќе од 60 рецепти наменети за децата и нивните родители.

Но, тоа не е сè – покрај забавните и едноставни рецепти, Бади на своите врсници ќе им даде и неколку совети како да ги практикуваат основните кулинарски техники и сами да подготвуваат разни едноставни јадења.

Бади Беар Морис Оливер е 13-годишниот син на Џејми Оливер кој тргна по стапките на својот татко. Минатата есен тој доби своја емисија на Би-би-си наречена Cooking Buddies, а има и свој профил на Инстаграм и канал на Јутјуб, каде често споделува рецепти за едноставни јадења.

Леб од банана, фахита, пржени јајца, омлети, мини пици, стек… нема ништо што овој 13-годишник не зготвил, а често готви со својот познат татко, а потоа го објавува на својот канал на Јутјуб и на Инстаграм.

Related posts

Студија: Волците мутанти кои шетаат по напуштените улици на Чернобил стануваат отпорни на рак

CityLife

Диетата 16:8 значително го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања, тврди нова студија

CityLife

Еве кои зачински билки можете лесно да ги одгледувате во вашиот дом

CityLife