„Кармина Бурана“ на филхармониите од Скопје, Софија и Солун вечер во Градскиот парк

20260619210857 big 730x400 88.webp.webp

Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечер од 21 часот во Градскиот парк на концерт насловен „Филхармонија на отворено“ во Скопје ќе настапат со заедничкиот проект – музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која заедно ја изведоа и во Софија и Солун. 

Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Ќе го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата сопранистка Ана Дурловски,  тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија. 

На прес-конференција во пресрет на концертот, Ана Дурловски истакна дека овој проект е вистински пример на културно поврзување. 

– Суштината е во градењето мостови онаму каде што политиката понекогаш поставува граници. Оваа соработка и ова заедничко создавање треба да продолжи и понатаму. Тоа што ќе се случи на овој концерт ќе биде навистина величествено затоа што го носи искуството од Софија и од Солун, топлината и енергијата што ги разменивме, креативноста што ја донесовме. Ова повторно ќе биде нешто ново – во величествен отворен простор, што ќе донесе едно навистина уникатно доживување, рече Дурловски.

На концертот ќе учествуваат и Националната опера и балет, хорот на Музичкото училиште во Солун и Детскиот хор „Пиколо“. 

Related posts

Ново истражување на Универзитетскиот колеџ во Лондон: Финансискиот стрес е најопасен

CityLife

(ВИДЕО) Тринаесетгодишник го собори Гинисовиот рекорд за најбрзо собирање на 50 петцифрени броеви

CityLife

Поддршка на Кевин Спејси, колегите бараат на оскаровецот да му се дозволи да глуми

CityLife