Оскарот на „Моќниот Џо Јанг“ може да достигне цена од 500,000 долари на аукција

45078571 0 Image A 40 1625534497049.jpg

Многу ретко се случува на аукција да се продава трофеј „Оскар“ од Златното доба на Холивуд.

Во претстојните денови, љубителите на меморабили и фановите ќе имаат шанса да ја купат златната статуетка што ја освои црно-белиот фантастичен филм „Моќниот Џо Јанг“ (1949) за најдобри специјални ефекти.

Вилис О’Брајан, пионер во специјални ефекти во филм, кој се специјализираше за stop-motion анимација, на крајот дома однесе „Оскар“ за неговата револуционерна работа, која вклучуваше трансформација на куп дрва, катранска хартија и стари ленти во 80-метарски горила за филмот.

Статуетката ќе биде ставена на аукција на 16 јули, како дел од продажбата на забавни меморабили на Heritage Auctions.

Почетна понуда од 250,000 долари е објавена на веб-страницата, но „Оскарот“ се очекува да се продаде за околу 500,000 долри, според „ТМЗ“.

Related posts

Проблемите со спиењето петкратно ја зголемуваат опасноста од мозочен удар

CityLife

Моден детокс предизвик: Можете ли да издржите 10 недели без шопинг?

CityLife

Сите токсични состојки во една цигара

CityLife