Градоначалникот на српска Инѓија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб

инѓија.webp.webp

На прием што го одржал градоначалникот на Инѓија, Владимир Гак, меѓу подароците за децата од карате клубот „Сенсеи“ имало и мед за потенција – „Фрушкогорски скочко – радост во куќата“, пишува локалниот портал Ин медиа од Инѓија, пренесе Бета.

Гак му вети поддршка и помош на карате клубот, а заедно со ветувањата на децата им беа поделени и подароци во брендирани чанти на локалната самоуправа.

Ништо немаше да биде толку необично, тврдат родителите, доколку во содржината на кесата не го пронашле потентниот мед „Фрушкогорски скочко“, пишува порталот.

Се додава дека во локалната самоуправа не знаат чија била идејата на децата да им се дава мед за потенција, додека поранешните членови на кабинетот на претседателот на општината изјавиле дека содржината на подароците за гости е исклучиво на претседателскиот кабинет. 

Related posts

Џорџ Клуни вели дека сè уште сака да глуми, но режијата е „позабавна“

CityLife

Хари Потер квиз-серија за фановите по повод 20-годишнината на филмот

CityLife

Заврши сагата „Лајвли – Балдони“: Глумицата доби само 400.000 долари за правни трошоци

CityLife