„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии

20260930095651 big 730x400 32.webp.webp

Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41.издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Организаторите во соопштението информираат дека повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика.

Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други.

-Годинава имаме навистина интересен избор на автори-докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“- вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот.

Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери. 

Related posts

Зендаја во центарот на вниманието на Неделата на високата мода во Париз

CityLife

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

CityLife

Состојка која го чисти шпоретот за миг

CityLife