Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно

Chatgpt.webp.webp

Американската технолошка компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) објави дека нејзиниот асистент со генеративна вештачка интелигенција, „Чет-ГПТ“ (ChatГПТ), го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе секоја недела. Оваа бројка на корисници беше откриена на „Девдеј“ (DevDay) – годишната конференција на компанијата за развивачи во Сан Франциско, САД, каде што беше истакнато и дека имаат 2,5 милиони деловни корисници. Овој сектор е клучен за финансирање на огромните инвестиции потребни во трката за унапредување на вештачката интелигенција, пренесува „Ле фигаро“ (Le Figaro).

„Опен-АИ“ денеска во употреба го пушти и новиот ВИ-модел „ГПТ-6.1 Сол“ од средна класа, претставен како речиси подеднакво делотворен како нивниот водечки модел, но со цена од една петтина од неговата вредност. Моделот се позиционира веднаш под „ГПТ-6 Астра“ – претходниот моќен модел на „Опен-АИ“, пуштен во употреба на 3 септември.

Вчера, „Опен-АИ“ објави дека се откажува од „ГПТ-6.1 Астра“, новата верзија на својот водечки модел, наведувајќи проблеми со тоа што моделот често излегувал надвор од зададените параметри. Сепак, тестовите покажуваат дека „ГПТ-6.1 Сол“ подобро се придржува кон насоките отколку неговиот претходник. 

Related posts

Хороскоп за 15 февруари: Вагата не дозволува ништо да ја исфрли од колосек

CityLife

Поранешна асистентка на Мерилин Менсон го тужи за наводен сексуален напад

CityLife

Доколку сакате да избегнете дебелеење, практикувајте ги овие две навики наутро

CityLife