Колку често користите јаболков оцет и што тој му прави на вашето тело?

Img 5596.jpeg

Иако има бројни предности, со јаболковиот оцет треба да сте исклучително внимателни.

Пиењето на чист јаболков оцет може да го оштети желудникот, а медицинската сестра Ребека Парк раскажала на кој начин таа го вклучила во својата исхрана.

„Започнав со голема чаша вода во која додавав една лажичка оцет,а кога се навикнав на таа количина, ја зголемив на две лажички. По неколку месеци, се навикван“, рекла Ребека.

Помалку ќе јадете

Јаболковиот оцет помага во губењето килограми бидејќи го намалува апетитот и го продолжува чувството на ситост по јадењето.

Телото нема да ви бара шеќер

Комбиниран со мед, јаболковиот оцет може да ја намали желбата за благо. Имено, оцетната киселина окта, ја намалува желбата за шеќер додека медот додава доза слаткост.

Нема да имате желудечни проблеми

Пробиотиците се особено изразени во јаболковиот оцет и се здрави микроорганизми кои се грижат за цревниот состав, а со пиењето на јаболковиот оцет ќе ја рекулирате киселината во телото, со што ќе се олесни варењето.

Го намалува нивото на шеќерот во крвта

Јаболковиот оцет ја зголемува ефикасноста на исулинот во разградување на шеќерот, дури и за време на високо калоричниот оброк.

Ја подобрува работата на срцето

Јаболковиот оцет ги намалува триглицеридите, главните причинители на масни наслаги околу артериите кои можат да доведат до блокада на крвотокот.

Исто така, диеталното влакно пектин, кое го наоѓаме во јаболката и окта, го неутрализира холестеролот.

Го спречува лошиот здив

Иако не би требало да биде замена за течноста за плакнење уста, јаболковата киселина е одлично средство за одржување на свежиот здив. Сепак, треба да внимавате, киселината да ја разредите со вода и барем половина час по плакнењето не ги четкајтезабиде бидејќи оцетот ќе го нагризе емајлот.

Кога ја подготвувате течноста, водете сметка за тоа дали количината вода е десет пати поголема од онаа на оцетот. За целосно да го заштите емајлот, растворот пијте го со сламка.

Related posts

Викторија Бекам сподели рецепт за зелен сок кој таа и Дејвид го сакаат

CityLife

Експертите открија колку пати треба да се мие косата со шампон

CityLife

Ел Фенинг како Катерина Велика на виртуелна церемонија

CityLife