Ковачевски: „Таче“ е семеен прекар

Screenshot 2024 03 17 221319.png

Лидерот на СДСМ и експремиер Димитар Ковачевски во подкастот на телевизија Сител, објасни како го добил прекарот Таче. -Мојот дедо е Димитар, кого го викале Таки, но бидејќи бил мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар – открива Ковачевски. Тој откри и дека неговиот син почнале да го викаат „мали“ Таче. -Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче, и праша што е тоа? Епа му велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче – вели Ковачевски.

Related posts

Високи војнички чизми – хит на пролетта, дури и кога ќе биде потопло

CityLife

Овие хороскопски знаци би можеле да се сретнат со љубовта на нивниот живот во текот на месец март

CityLife

Џастин Чемберс ќе го глуми Марлон Брандо од ерата на „Кум“

CityLife