Префинет гламур на црвениот тепих на „Оскарите“

Image 3.jpg

Повеќето свечени церемонии на доделување награди поминаа без црвен тепих во изминатата година, од сосема разбирлива причина што нема да има гости да одат по него.

Но, тогаш дојдоа „Оскарите“ – врв на сезоната на награди, најголемата ноќ во забавниот календар  – каде номинираните беа охрабрени да се појават лично доколку можат, наместо виртуелно од својот дом.

Еден од најзначајните сегменти од оскаровското шоу, црвениот тепих, донесе елеганција, раскош и експлозија на бои. Светските шоубиз медиуми ги издвоија најдобро облечените од 93. Оскари.

Номинираната за најдобра споредна улога, Аманда Сејфрид, блеска во црвено на церемонијата во Лос Анџелес.

 

Реџина Кинг, се појави на „Оскарите“ не како актерка, туку како режисер на „Една ноќ во Мајами“, кој имаше три номинации.

 

Британската режисерка Емералд Фенел го снимаше „Надежна млада жена“ додека беше во седми месец од бременоста. Филмот, кој доби пет номинации за „Оскар“, беше снимен за само 23 дена во 2019 година.

 

Марија Бакалова знае како да спроведе социјално дистанцирање. Ѕвездата на Borat Subsequent Moviefilm покажа како најлесен начин можете да се придржувате на правилото за два метра дистанца: облечете фустан широк шест метри. Марија, номинирана за најдобра споредна актерка, изгледа неверојатно во креација на Луј Витон.

 

Како една од минатогодишните победници, Лора Дерн се врати оваа година за да ја претстави категоријата најдобра споредна улога.

Related posts

Свежа, женствена, сензуална – Амброзио блеска каде и да се појави

CityLife

Џенифер Лопез среќна што поминува време со Бен Афлек

CityLife

Тијара на месецот: Бисерна дијадема на царицата Евгенија од Франција

CityLife