Марија Шарапова со свој дизајн на мебел

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс”, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе”. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и функционалноста.

– Сакав да се осигурам дека сите овие парчиња мебел ќе наликуваат на „продолжение на животот на луѓето” – делови што ги надополнуваат нештата со кои веќе живеат, изјави Шарапова за списанието „Аркитекчурал дајџест”.

Поранешната тенисерка ги усовршила дизајнерските вештини додека патувала низ светот, како и при уредување на сопствениот нов дом во Лос Анџелес, САД.

– Ми беше важно колекцијата да изгледа убаво денес, но и за пет или десет години, вели таа.

Првичната понуда вклучува комбинација на мултифункционални работи – длабок тросед, тапацирана клупа, ткаенини во маслинова боја, странични маси, минималистичка ламба и еднобоен тепих.

– Тие се доволно разновидни, па им овозможуваат на луѓето да прават свои комбинации, заклучи дизајнерката.

Related posts

Како да направите совршени велигденски јајца

CityLife

Навики во спалната соба кошто го намалуваат стресот

CityLife

Совети за одржливо домаќинство: Како правилно да селектирате?

CityLife