Гледачите воодушевени од филмот со Лијам Нисон: „Еден од најдобрите филмови досега“

301cf5b8 E2f5 4ffe B09c 08053c9204c6.jpg

Гледачите се навикнати Лиам Нисон да го гледаат претежно во акциони филмови и трилери, но тој имаше неколку улоги кои сосема се разликуваат. Покрај глумењето во божиќната класика Love Actually, во 2020 година се појави и во драмата Made in Italy. Тој филм неодамна се најде во фокусот на јавноста и луѓето не може да престанат да го фалат.

Заплетот на филмот на Џејмс Дарси се врти околу Џек Фостер (Мајкл Ричардсон) и неговиот татко Роберт (Лијам Нисон). Ричардсон е и син на Нисон во реалниот живот.

Џек се разведува, а семејството на неговата сопруга поседува уметничка галерија со која тој раководи, па тој завршува без работа. Сакајќи да отвори своја галерија, тој одлучува да ја продаде викендичката што ја поседуваат со татко му во Италија, која ѝ припаѓала на неговата покојна мајка.

Татко и син одат во Италија да ја видат трошната куќа. Тие се впуштаат во авантура за ремоделирање и наоѓаат спомени од мајката на Џек. Потоа почнува нивното патување низ кое повторно ќе се обидат да се зближат.

И покрај малите 40 проценти на Rotten Tomatoes, филмот е широко коментиран во групите на „Фејсбук“, кои собираат филмофили. Луѓето велат дека филмот ги допрел и дека сите треба да го гледаат.

„Тоа е еден од најдобрите филмови што сум ги гледал долго време“, „Дефинитивно, заслужува пет ѕвезди“, „Одличен филм, ми се допаѓа“, се некои од коментарите.

Многу гледачи забележале паралели помеѓу заплетот и реалната приказна на Нисон и Ричардсон. Имено, сопругата на Нисон и мајка на Ричардсон, актерката Наташа Ричардсон, загина во 2009 година како последица на несреќа на скијање.

Related posts

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

CityLife

Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

CityLife

Љубов на Евровизија: Норвежанец се вљуби во Азербејџанка, а таа му остави тајна порака

CityLife