Сондата „Нова-Ц“ на „Интуитив машинс“ слета на Месечината

Moon.webp.webp

Сондата „Oдисej Нова-Ц“ на американската компанија „Интуитив машинс“ слета на Месечината, соопшти фирмата со седиште во Хјустон, Тексас, САД.

Уредот ги испрати и првите снимки од нам најблиското вселенско тело.

„Можеме без сомнение да потврдиме дека нашата опрема е на површината на Месечината и дека пренесуваме сигнал“, изјави претставникот на компанијата во видеото во живо.

„Нова-Ц“, којашто носи и научно-истражувачки инструменти од вселенската агенција НАСА, беше лансирана минатата недела од Флорида, а во средата влезе во орбитата на Месечината.

Спуштањето траеше околу еден час, а вселенското летало беше на површината на нашиот природен сателит доцна синоќа.

Целта на „Интуитив машинс“ е да биде првата приватна компанија со успешно слетување на Месечината. 

Related posts

Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, судот и досуди отштета од повеќе од 16 илјади долари

CityLife

Децата што спијат со родителите развиваат важни особини подоцна во животот

CityLife

Меган Маркл и принцот Хари најавуваат 2 нови серии на Нетфликс – вклучително и Готвачко шоу со војвотката!

CityLife