„Амазон“ во преговори за купување на MGM Studios за 9 милијарди долари

Интернет гигантот „Амазон“, наводно, преговара за купување на легендарното холивудско студио „Метро Голдвин Маер“(MGM Studios) за 9 милијарди долари.

Филмското студио „Метро Голдвин Маер“ е едно од најпознатите холивудски студија, со своето лого Leo the Lion (Лавот Лео) и речиси вековна историја.

Продажбата ќе му овозможи на технолошкиот гигант и неговиот стриминг-сервис „Амазон Прајм“ пристап до огромен заден каталог со култна содржина.

Извештаите доаѓаат само неколку часа откако телекомуникацискиот гигант AT&T се согласи да ја комбинира својата единица WarnerMedia со Discovery во договорот за создавање нов стриминг-гигант.

MGM Holdings, матичната компанија на MGM Studios, според извештаите на медиумите, ја истражувала можноста за продажба од крајот на минатата година.

Купувањето од страна на Амазон на MGM Studios би значело голем чекор за неговата стриминг-услуга Prime.

Related posts

Друштвените игри ве откриваат какви сте!

CityLife

Џеј Ло на семејна прошетка во Хемптонс

CityLife

Групна тужба против Мета во САД: Социјалните мрежи опасни по здравјето на децата

CityLife