Анџелина Џоли го нарече домашното образование на своите шест деца „предизвик“

20210517 angelinaandherkids reuters.jpg

Анџелина Џоли откри дека за неа бил вистински предизвик кога нејзините деца, наместо да одат на училиште, биле промирани на домашно образование поради пандемијата.

Актерката која ги има Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12) со поранешниот сопруг Бред Пит – е благодарна што сите нејзини деца се способни и паметни па затоа не требало да се потпрат на неа во учењето дома во услови кога одењето на училиште е ставено на пауза среде пандемија.

Во разговор со HELLO магазин таа рече: „Имам четири различни училишта за шест различни деца, така што сè е поинаку.“

„Јас сум скарана со математиката и ја преиспитувам историјата, па затоа сум навистина предизвикан родител кога станува збор за многу од овие работи“, вели таа.

„За среќа, имам многу способни, паметни деца. Тие се провлекуваат некако, но тешко е”.

45-годишната актерка се фокусира на своите деца токму сега и вели дека е пресреќна во оваа фаза од животот.

Related posts

Михаела Коел триумфира на Бафта-наградите за телевизија

CityLife

Риба со зеленчук

CityLife

По петгодишна пауза Свети Стефан повторно се отвора, две лежалки и чадор 240 евра

CityLife